Македонка по тешка ноќ помината на инфективно оделение: Господ да ни е на помош

  • By admin
  • август 14, 2021
  • 0
  • 22253 Views

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче денес во однос на бројките на новозаразени нагласи дека пред нас се денови во кои ситуацијата навистина може да биде кри тична, споменувајќи ги повторно Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово како градови со нови ковид-дијагностицирани и пациенти за хоспитализација.

„Тука се исполнуваат одделенијата, дел од пациентите се префрлаат и во Инфективната клиника во Скопје, која е исполнета со овие пациенти, но и со пациенти кои се дијагностицирани во градот.

Сега се активираат останатите ковид центри. Системот е спремен и лекарите за системот за ротација. Така да, спремни сме да го пречекаме притисокот од овој бран“, потенцираше Филипче.

Министерот нагласи дека „единственото решение кое го имаме пред нас е да се зголеми опфатот на вакцинација“.

„Верувам дека граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам бидејќи навистина се зголеми интересот после таа најава.

Ако граѓаните имаат дилема – сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Тоа е начинот на кој ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме и да работиме. Да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи“, рече Филипче.

Македонка Икономова Давчева се огласи со статус во групата И јас сум Венко Филипче – поддршка каде што напиша:

Тешка ноќ помината на инфективно одделение.Може нема комфорд како во приватни клиники,старо е,зелени пердиња на прозори,плочки од време на ЈУ.

Тоалет исто,ама чисто,сјае. А пак што има персонал. Респект за сите нив.Не не оставија сами,културни,љубезни,со милозлив глас и кон моето дете и кон мене како родител.Ќе биде,ќе помине,тука сме, респект големи!!

Да бидеме среќни што имаме какво такво јавно здравство. Да ги вреднуваме и почитуваме,тие се нашите херои во ова време не време.

За крај, која иронија. Додека седам на терасата од болничката соба,а детето ми го ри од температура,надвор ја слушаш сирената на брзата помош помешана со зурли и тапани од некоја свадба,некој нов кластер.Господ да ни е на помош…на сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.