Премиерот Зоран Заев денеска го посети Будинарци, најголемото жа риште на пожарите, и кажа дека одморот му траел само три дена.
Системот функционира како што кажа и директорот на ЦУК, координацијата се прави на телефон, граѓаните очекуваат премиерот да биде премиер и да го координира системот, а системот е воспоставен со кри зната состојба.
Управува со него директорот на ЦУК, дирекцијата за заштита и спасување, општинските штабови, противпожарните единици и сите единици, со нив дополнително се координираат полицијата, армијата и системот функционираонака како што функционира во сите европски земји, со сите негови предности и слабости и учиме заедно низ него.
Драго ми е што можеа и вака функционален систем да го искординираат и со пет стрнски сили за гасење кои се вклопени заедно со нашите сили и делуваат сплотено на терен – кажа Заев.
Мештаните, општините и државата се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, истакна премиерот Заев во објава на неговата официјална Фејсбук страница.
„Австрија – 139 луѓе, 57 возила; Словенија 45 луѓе, 11 ПП и транспортни возила; Србија 16 луѓе, 4 хеликоптери за гасење пожар; Бугарија – 25 луѓе, 3 ПП возила, 1 џип, 1 автобус; Романија – 1 авион за гасење пожар, 1 авион за транспорт на логистички средства. Вечно ќе се памети помошта која живот значи“, се вели во ФБ објавата на премиерот Заев.
Премиерот Зоран Заев во вестите на Сител, го коментираше возниот парк на пожарникарите, навраќајќи се на камионот ФАП кој се појави во струмичко да гаси пожари.
„Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е“, рече Заев.