(ФОТО) Елегенција во бело: Горан Пандев со семејството славеа со убава причина

  • By admin
  • јули 23, 2021
  • 0
  • 7140 Views

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев кој по настапот на ЕП кажа збогум на нашиот националне тим го користи периодот да одмори и помине повеќе време со своите сакани, поточно со семејството.

Како што е познато Пандев од 2009 година е во брак со сопругата Надица и имаат две ќерки и еден син кои се неговото најголемо богатство.

Веќе добро познато е дека Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.

Сопругата Надица и приказната како се запознале е интересна, а Пандев вели дека таа успеала за момент да го победи фудбалот.

„Сакав само да играм фудбал, не ме интересираше ниту училиште, ниту девојките премногу.Сепак Надица е мојата животна сопатничка, мојата љубов, а не запозна еден заеднички пријател. Имам прекрасно семејство и три деца што се родени во Италија. Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова“, раскажа Пандев за ТВ Џенова.

Неодамна во едно интервју за „Женски Магазин“, говореш и самата Надица како функционираат.

-Воопшто не е лесно да се одржи една нормална семејна атмосфера. Горан повеќе време поминува надвор од дома. Тренинзи, натпревари, патувања. Тие се неизоставен дел од неговата професија.

Со децата имаме големо разбирање за неговата професија. Истовремено ја знаеме и ја почитуваме неговата вредност. Се трудиме сите проблеми, кои се јавуваат како и во секое семејство, да ги решиме на свој начин.

И што е најважно со договор и разбирање. Се вложуваме максимално да живееме во топла семејна атмосфера.

Најмногу сум горда на голот што го постигна против Грузија, кој нé однесе на Европското првенство. Тоа е голема радост и за нас и за Македонија. Среќна сум што му се оствари тој голем сон“, рече Надица Пандева.

Пандев од социјални мрежи користи само Инстаграм каде што знае неретко да сподели некоја приватна фотка, како што беше случајот и сега.

Тој сподели најпрвин заедничка фотка на стори со своите три дечиња, Филипо, Ана и Софија на кои сите позираат облечени во бело и излгедаат навистина елегантно.

А утрово Пандев сподели нови фотографии, овојпат на објава со кои и го честиташе роденденот на својата најмала ќерка Софија која полни 3 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.