Митко Јанчев со нов хуман потег: На десетмина ќе подели по 500 евра

  • By admin
  • јули 11, 2021
  • 0
  • 4522 Views

Митко Јанчев, првиот човек на Кавадарци знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.

Јанчев е е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава

Јанчев важи за модерен човек и политичар, кој знае како да го заштити своето семејство од јавноста и ретко кога споделува моменти за својот приватен живот.

Како што е познато тој ја има и Фондацијата Нола Јанчев која е во чест на неговиот татко. Токму ова фондација излегоа со соопштение во кое се вели:

Денес на 11.07.2021 недела во работните простории на Кожувчанка ДОО работен состанок одржа комисијата за доделување на стипендии од фондацијата Никола Јанчев. По детално разгледување на сите пристигнати апликации комисијата одлучи да ги награди следните 10 апликанти инфо https://fnj.org.mk/wp/

Овогодинешните стипендии со еднократен износ од 500 евра во денарска противреднсот ќе бидат исплатени заклучно со 15.07.2021.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.