Терминот „патлиџан туризам“ не е ништо ново и за него повторно се зборува од сите страни.
Некако Србите се повторно главни на тапет во врска со таа тема, пишува српски Блиц.
Сепак, иако носењето на претходно подготвена храна на плажа е сосема во ред, па дури и за пофалба оти нели е попаметно да подготвите нешто здраво за себе наместо да јадете крофни и палачинки, постои уште една работа за која туристичките агенции ги обви нуваат туристи.
Најголемите проблеми, пишува медиумиот се на почетокот и на крајот на сезоната затоа што тогаш се најевтини аранжманите. Српските медиуми, се наведува во текстот, со години пишуваат дека граѓани одат во Грција со куфери полни со храна.
Пред две години, веста беше автобус кој заминувал од Србија за Халкидики. При патувањето два пати морал да ги смени гумите затоа што некои туристи носеле четири куфери полни со храна, бидејќи во изнајмениот апартман готвеле џем од кајсија, а во август и ајвар.
Целиот систем вклучува и македонски продавачи на намирници за зимница особено со вреќи пиперки на патиштата во државата, стои во текстот.
– Патлиџан туристите се најголемиот кош мар и на Грција и на нас, туристичките агенции. И тие добија таков прекар поради фактот што огромен број луѓе одат на пат без срам со вреќи домати и пиперки, со цел да подготват таму зимска храна – открива за Блиц еден туристички агент.
На прашањето кој е мотивот за тоа, агентот вели дека тоа е обид да се заштеди струја и да се готви во апартманот.
„ Затоа, мора редовно да ги известуваме сите патници дека во станот нема место за зимница, сепак, ваквите случаи сè уште се чести – вели агентот.
Дека ова е точно, потврдуваат и приказните за возачите на автобуси.
Пред неколку лета, две баби од Србија донесоа вреќи со пиперки во Грција и таму направија ајвар, сведочеле тие.
– Кога се обидов да им помогнам да го донесат куферот во автобусот на патот кон Србија, се изненадив кога сфатив колку се тешки куферите и дека всушност не можам да ги кренам. Кога ги прашав што има внатре, тие најнормално ми одговорија дека во куферот има тегли ајвар – изјави возач на автобус еднаш за „Блиц“.