Душанка од Ранковце едвај собра сили и низ солзи проговори: Многу ми е криво и тешко

  • By admin
  • јуни 20, 2021
  • 0
  • 13658 Views

„Јас сакам и мојот син да може да работи, да биде како другите, да можам јас нормално да живема. Многу ми е криво и тешко“, вака ја започнува својата сторија Душанка.

Ова е Душанка од селото Радибуш, општина Ранковце. Таа се грижи за својот 27-годишен син кој е лице со посебни потреби. Не може да работи, а неговата мајка вели дека е и маж, и жена од 2010, кога по чинал нејзиниот сопруг.

„Како да не ми е тешко кога водам грижа и за машки и за женски работи, детето ми е не способно за ништо, јас морам да мислам за се.

А веќе сум во години и јас имам бол ести, добро не гледам, а и со нозите имам проблем, но не можам да купам лекарства. Нема кој да ми помогне.

Ова двочлено семејство живее во стара куќа, без елементарни услови за живот, без тоалет, без вода во внатрешноста. Честопати мака ма чат и околу набавката на храна.

„Кога имам пари ќе купам нешто, кога нема терам така, што да се прави“ додава Душанка.

И како да не им се доволни сите овие проблеми, на синот на Душанка му го укинале додатокот што го земал.

„Тој зимаше додаток, но исполни години. Потоа аплицираше, поднесе документи го одбија, па повторно уште еднаш поднесе ама требало да се чека три месеци дали ќе добие дали не. Што ќе биде незнам“ додава Душанка.

И дотраената куќа во која живее семејството не е нивна, туку се под кирија која ја плаќаат 500 денари месечно.

Душанка вели дека сопругот ѝ рекол што поскоро да ја напушти оваа куќа, но таа стр авува дека ако си замине ќе остане и без ова засолниште. Месецот го минуваат со само 6.000 денари социјална помош.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО: 071-859-225

Целата сторија со видео прилог може да ја проследте на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.