Кристина Арнаудова распали по големите магнати, компании и институции со огромни профити

  • By admin
  • јуни 8, 2021
  • 0
  • 696 Views

Познатата македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова во последен период е активна и како водителка и тоа во хумана акција.

Пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

-Проект Куќа, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Преку профилот на Проект Среќа на фејсбук се огласи Кристина кој потоа истата објава ја сподели и на својот личен профил на Инстаграм, таа напиша:

Драги корисници и мили деца, жал ни е што најголем дел од вас имаа тешка учебна година.

Нашите молби до компаниите кои можеа да донираат бесплатен интернет останаа неодговорени, иако им пишавме и неколку пати со молби за разбирање.

Благодарение на неколку општествено одговорни компании и ДонирајКомјутер и Борче можевме да поделиме 100-на уреди за следење настава, и благодарение на неколку компании можевме да платиме интернет за цела година на 20-на семејства.

Но драги деца, вие сте храбри, издржливи…И подобри ученици од многумина кои имаат се!

И кога ќе бидете големи и успешни, потсетете се дека не треба да мислите само на себеси и сопствениот профит, туку да станете луѓе со големи срца, кои ќе ја делат својата среќа со оние кои имаат помалку.

Овие големи магнати, компании, институции со огромни профити, кои ве оставија на цедило, нека ви бидат пример какви не треба и не смеете да бидете никогаш.

А ние, Проект Среќа, обичните луѓе, секогаш ќе бидеме тука за Вас, големите мали Луѓе

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.