Елена Ристеска отворено и емотивно изрази љубов: Те сакам

  • By admin
  • јуни 3, 2021
  • 0
  • 746 Views

За Елена Ристеска не е потребно да се трошат премногу зборови. Таа е една од најпознатите пејачки на македонската естрадна сцена. Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови.

Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија. Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ и го освои 12-тото место.

За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков нотивет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.

Елена е доста активна на Инстаграм од каде нејзините следбеници може да видат какви активности има во своето секојдневие, но и за комуникација со неа.

Во една од најновите објави во рамките на своите инстаграм-приказни, поп-пејачката Елена Ристеска откри дека постои некој што „ќе ѝ купи насмевка“…

Некој што ќе ти испрати позитивни вибрации, емоции за душата, што ќе те однесат некаде далеку во мислите, ќе ти приреди вистинска замислена идила…

А тој некој да е исто како и ти – жена и тоа, онаа, која се занимава со истата професија, за што во некои поинакви прилики, многумина би рекле дека Елена би требало да ја чувствува за конкуренција.

Имено, Елена ѝ ги упати овие топли зборови на својата колешка и пријателка Каролина Гочева за новата песна „Идила“.

„Маче мое, вистинска идила е песната, ме однесе некаде далеку со мислите… Отпеано емотивно,чисот, за душа, нежно, преубаво… Со среќа и со лесно промоцијата на албуот.. Те сакам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.