Почнуваат свадбите во Македонија, но како никогаш досега: Еден куп правила на кои ќе треб да внимавате

  • By admin
  • јуни 2, 2021
  • 0
  • 731 Views

Полека но сигурно олабавуваат мерките за заштита од вирусто во Македонија откако бројките од ден на ден намалуваа.

Па така по подогла пауза ќе биде дозволено организирање на свадби кои ќе бидат како никогаш досега во поглед на правилата.

Вчера владат ги усвои предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести според кои се олабавуваат рестриктивните мерки.

Дозволени се свадбени прослави на отворено, но гостите не смеат да се поздравуваат со ракување, гушкање или било каков друг вид на физички контакт.

Ова денеска на прес конференција, по новинарско прашање го објасни портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Ова се дел од стандардните протоколи на влезот ќе треба да има поставено средство за дезинфекција, летните тераси треба да бидат отворени од три страни, гостите не ќе смеат да се гушкаат или ракуваат.

Менаџерите на објектите ќе треба да го имаат списокот на гости по кој ќе го вршат приемот. Музика ќе биде дозволена на свадбите.

Таа ќе треба да биде оддалечена на 5 метри од масите воедно забрането е движење на музичарите и ќе биде дозволено и играње на подиум со дистанца, објасни Хоџа.

Забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите.

Тој додава дека дозволено е играње на подиум со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице со почитување на препорачаната дистанца.

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот Хоџа рече дека во моментов не може да ја кажат висината на казните за непочитувачите на протоколите, а контролите ќе ги извршуваат надлежните институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.