Музичкото дуо ,,2-Бона” несоменено е едно од најпопуларните не само во Македонија туку и на Балканот, направија нов бран на музика кој брзо се шири.
Овојпат Марко Јелиќ и Антонио Стојановски беа гости во емисијата ,,Г-Капрет” со Миро и Ведрана и споделија доста интересни моменти и ставови.
– Одсекогаш сме имале желба да имаме свој бренд на облека, на тоа работиме и можам да кажам дека за десетина дена ќе излезат првите парчиња, вели Марко.
– Настапуваме и во Србија и во Бугарија, и верувајте еден ден мислам дека повеќе не ценат таму отколку тука, но сепак ќе кажам дома си е дома вели Антонио на што неговиот колега додаде:
– Ќе кажам дека секогаш српските ѕвезди биле поголеми од нашите ѕвезди. Но верувам дека може да се промени, еве ние сме докази.
– За една и пол година имаме снимено 40 песни, од кој 30 со спотови, тоа е доволен доказ за нашата работа и тоа што твориме.
– Ние во Македонија не сме добиле ниту една награда во животото. Не би ни падналао на памет да се пријавуваме за Евровизија, вели Антонио.
– Кога бевме мали мислевме дека е лесно да се занимаваш со ова. Тешко е што живееш во вакви држави, каде што шоу бизнисот е на ниско ниво.
– Кај нас сите коментари на социјалните мрежи се негативни. Луѓето треба да научат да ги почитуваат луѓето и кога паднат.
– Желба ни е да имаме наша телевизија, издавачка куќа, студио. Гледаме дека нема промоција на македонска музика и тоа ни е целта.
– Ние бевме резервирани со настапи од Април од Ноември и се случи корона вирусот. Во тој период за настап можевме само да настапуваме вторници или среди. Но за жал се случи тоа што се случи
– Бугарите не сакаат бидејќи тие таму немаат толку мелодични рапери. Таму песните ни ги пеат од А до Ш на македонски и ги полниме клубовите.
– За да снимиш албум во Бугарија е дупло поскапо од Македонија а во Србија тродупло, можеш да најдеш и некој веќе докажани во таа сфера што добро ќе ти наплатат, но можеш да најдеш и некој не толку докажаш што ќе извади нешто моќно.