Како што е познато, од вчера во 22:00 часот стапи на сила нов полициски час на цела територија на Македонија. Истиот е во период до 05 часот наутро, со време траење до 22 март.
Оваа одлука на надлежните предизвика бура од реакции во јавноста.
Свој оргинален коментар на оваа тема даде познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов кој на Инстаграм напиша:
Ми се були од овие. Немало корона, а полициски час имало бидејќи ноќе можело тајно да ги монтираат антените што не зрачеле. Оф мори Македонијо, земјо со посебни потреби.