Јордан Митев: Во Македонија нема јавна личност што не била исплукана

  • By klaster3
  • јули 4, 2022
  • 0
  • 563 Views

Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна.

За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Митев важи за човек кој си ја сака својата држава, Македонија, нешто што досега многупати го има покажано и докажано:

Кога беше Референдумот за промена на името, истиот ден имаше про тест организиран од движењето ,,Бојк отирам”. Тој ден додека траеше Референдумот, ми се јавија организаторите и ми рекоа

-Јордан, вечер ќе се собереме чисти и искрени Македонци кои сме против промена на името, никој не се нафаќа за да дојде да отпее една македонска песна. Дали ќе сакаш дојдеш?

Јас реков, ќе дојдам. Ми рекоа колку тоа ќе не чини. Јас им реков, како можам за таква работа да барам хонорар? Вие сте таму за својата земја и јас ќе бидам таму за истата причина.

Ова тема за мене како Македонец е тешка и не би сакал дополнително да полемизирам. Јас како Македонец се што имав и имам да кажам кажав и кажувам преку мојата работа и моите дела – изјави неодамна во интервју за Фокус.

Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам, напиша Митев во една прилика.

На социјалната мрежа Фејсбук секојдневно ги споделува информациите поврзани со неговите настапи, па така и сега повторно ги потсети фановите за големиот концерт кој ќе го одржи на ракометното игралиште во Битола на 20ти јули.

Што и да објави Јордан на Фејсбук добива илјадници допаѓања, коментари и споделувања кои секогаш се позитивни и со поддршка, ретко се наоѓа личност која не ги слуша неговите песни. Но, не можеше да се воздржи и да не врати не еден од коментарите, па напиша:

„Во ред. Ми кажавте. Напуштете ја тогаш мојата фан страна и нека останат во неа тие што разбрале што сум сакал да кажам и тие што сакаат добра музика.

Во Македонија нема јавна личност што не била исплука од било која бранша, така да не очекувам и мене да ме заобиколите . Ве молам напуштете ја мојата фан страна и не слушајте ја мојата музика.

Јас не создадов музика за да некого молам да ме слуша, јас создавам музика пред се за мојата душа. А Македонија сум ја напишал и опеал од душа. Тоа ќе остане за мене“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.