Јован Јеремиќ е човекот кој влезе во Гинисовата книга на рекорди поседувајќи талент што ретко кој го има и е навистина одличен во тоа.
Ова младо момче може да ги изговара зборовите наназад со иста брзина како што вообичаено ги изговара и нормлано истите.
Ова момче благодарение на овој талент влезе во Гинисовата книга на рекорди, а за утринската програма на Првата телевизија зборуваше за тоа како е откриен талентот.
– Одморав во својата соба и ги гледав предметите. Сфатив дека ако однапред го кажам името на предметот, веднаш ќе можам да го кажам наназад.
– И така си гледав например телевизор, кујна, топка, стол, чинија, лажица, телефон и така ги редев предметите и добор ми одеше.
На почетокот не ми беше јасно како и зошто го имам тоа како способност, а потоа сфатив дека тоа е талент, па го искористив – вели Јован, кој додаде дека многумина чудно го гледаат.
И беше јасно дека чудно го гледаа во моментот кога се приклучи на програмата. Веднаш се сврте назад кон гледачите, кои беа зачудени, ништо не им беше јасно.
Јован сега брка нов рекорд за да влезе во Гинисовата книга со уште еден рекорд, овојпат уште посериозен чекор, кој се надева дека ќе го направи.
– Веќе влегов во Гинисовата книга на рекорди, а сега бркам нов. За да се влезе повторно во книгата, со уште едно достигнување, потребни се помалку од 1 минута и 7 секунди за да се кажат минимум 50 зборови – објасни овој млад човек.
Како што вели нема вежбање, поточно за овој талент нема вежбање, едноставно вели или те бива или не те бива за нешто.
– Нема вежба, кога открив дека можам да зборувам наназад, зборував со иста брзина како што зборувам сега. Значи, тоа не може да се зајакне, да се подобри, едноставно го знаете или не го знаете – заклучи тој.