Јованче Христовски од Скопје е осамен и тажен човек, тој неколку години живее бездомно во паркови и улици, денес е згрижен во мала собичка но без основни услови за живот, често нема и храна.
Тој за неговите 65 години може да напише роман. По заминување од овој свет на своите родители тој ќе биде набркан од станот.
Од тогаш ќе започне бездомниот живот за него. Тој имал убава струка, работел многу работи, но никаде не се задржал доволно долго за да може денес да има пензија макар и минимална.
Неколку години во центарот продава гевречиња и спие по парковите, но поголемиот дел од животот е гладен и во безпарица.
Јованче има четири деца но ден денес ниту едно не го прашува како е и што прави но сепак тој им посакува се најубаво во животот.
Доколку пред некое време еден хуман човек не го сретнал на улица и му понудил соба, денес Јованче немало да биде ниту жив.
Тој има отежнато движење, па не е способен многу а и не е во можност да излегува многу и да побара помош. Некогаш човек со реноме и успешен, денеска препуштен сам на себе.
– По струка сум електротехничар, работев на неколку места, а потоа и во кафулиња каде не ме пријавиле за вработен па немам доволно стаж, вели Христовски за ,,Срце на Дланка”
– Присилно ми го зедоа станот, останав на улица и продавав гевреци, спиев по парковите и потоа продавав гевреци вадев некој денар.
– Ниту на душман не сакам да му го посакам ова што го живеам. Живот по улици, на дожд, снег и без парче леб, без поддршка.
– Работев и како хигиеничар но често бев дискри миниран, само мене ме тераа да чистам, другите лежеа и се потпираа на метлата. Тоа не се издржуваше, вели со тешко срце Јованче.
– Пет дена бев на шеќер и вода, имав неколку зафати и здраствено не сум добар ниту да се движам а камоли да работам нешто.
– Доколку би променил некој работи од младоста тоа би било да не се оженив, ерген поубаво ќе ми беше, жената дури не сакаше да ги роди децата.
– Поднесов документи за социјално но се уште нема ништо, барем да имам една соба но да знам дека е моја, вели Јованче кој вели дека токму тоа му е најголемата желба.
Доколку сакате да му помогнете на овој човек достоинствено да го поминме остатокот од животот тоа може да го направите на телефонскиот број 077 694 565 или на жиро сметката 250-0310000940-20