Јелена Џоковиќ освен што е сопруга на најдобриот тенисер на сите времиња, е и синоним за здрав живот, а декларираната веганка со години се придржува на строга диета без месо, млеко и шеќер.
Љубовта со Новак им се случила на прв поглед и оттогаш се неразделни. Нив ги спои и љубовта кон спортот бидејќи Јелена прво тренираше тенис, а потоа и атлетика.
Таа стана директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ која собира средства за сиромашните деца во Србија. Успешно организираше неколку хуманитарни акции на кои присуствуваа влијателни луѓе и светски ѕвезди.
Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сака, а токму одговорот на тоа прашање го даде во една емисија.
– Почнав да размислувам како да преживеам три години бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не ни живеев во дом во кој имам кујна. Така да веганството почна од бо лка – изјави Јелена.
Исто така, сопругата на тенисерот Ноле откри дека една од причините поради која станала веган е и стра вот од боле ст.
– Мислам дека луѓето се посветуваат на поздрав начин на живот кога нешто ќе им биде дијагностицирано. Почнав со веганство од стр ав од бол ест.
И тоа е нај лошиот начин за почеток и не би советувала никого да прави нешто од ст рав. Се трудам да не го правам тоа поради таа причина – изјави Јелена.
Таа вели дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега и е најважно да се чувствува добро.
– Бев голем месојад, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот со енергија, здраво – рече и додаде дека важен е и начинот на подготовка на храната.
– Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а триесет отсто варена. Обично јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз, тешко да се најде вистинската храна подготвена на здрав начин.
Затоа ми е важно да бидам добро организирана околу оброкот и среќна сум што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви – заклучува Јелена Ѓоковиќ.