Веќе на многумина ви е добро познато името и презимето на Александар Горгиевски од Штип, младо момче кое работеле како пожарникар, потао заминало на работа во Швајцарија, а сега се врати повторно во родниот крај.
Хуманитарецот Александар Ѓеорѓиевски, која на македонската јавност и е познат по голем број на хуманитарни акции, а како поранешен пожарникар учествуваше и во спасување на луѓе во земј отресот во Хрватска успешно ја заврши и оваа мисија.
Аце е неуморлив човек кој во својот роден град Штип веќе започна да прави големи хумани дела.
28 – годишната Елена Манасиева и нејзините три дечиња на возраст од два месец до четири години за 25 дена добија нов дом. За случајот дознал преку статус на социјалните мрежи.
Откако и лично се уверил во какви услови живеат, за неполн месец со мајстори и донации од малите и средните фирми го изградија домот на ова семејство.
Децата на Елена веќе нема да се капат во корито или по надвор. Лани поради неуранетост и премрзнатост едно од нејзините рожби и починало. Среќна е што од денеска ќе влезат во новиот дом.
Живее со социјална помош и детски дототок, скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја. На оваа жена потребна е и елементарна помош во храна и облека, а поранешниот штипски пожарникар Александар најавува дека по оваа завршена мисија ќе следи и нова, но смета дека е неопходна и поддршката од медиумите, но и од големите компании, кои ретко донираат.
По објавата за самохраниот родител Љупче Смилев не требаше многу за да Аце се вклучи и за еден ден работата беше завршена, а тој информираше:
Дечки ајде сега вака да бидеме коректни како и секогаш за Лупче и неговиот малолетен син мислам и тврдам дека веќе е обезбедено.
Се фалат ситници и ве молам сите што сакате да донирате веќе овде немате потреба можете да ги донирате на друга фамилија или да донирате во ЦРВЕН КРСТ верувајте има и многу други фамилии на кој треба да и се помага.
Јас у наредните три дена ќе се потрудам да му ја обелам собата и 100 % ќе биде обновена веќе му обезбедив и нов кревет на таткото ќе ми треба уште комода за телевизорот да се очисти дезинфекцира собата и тоа е се! Најавија ми дека за скоро трга и на работа!
Најавија ми дека ке добие и социјален стан!ОВАА мисија е ЗАВРШЕНА повеќе од УСПЕШНО за еден ден нема потреба веќе никој да донира ни цент.
Ве молам не ми пишувајте не ме барајте од никој веќе ништо нема да примам затоа што обезбедив се што беше потребно а кога ќе има друга акција ќе ве информирам како и секогаш јавно и транспарентно!
Аце внера славеше роденен, а на својот профил на фејсбук објави уште една убава вест:
Доброутро мој сограѓани мој Македонски Народе на ваше барање да отворам Хуманитарна Организација со седиште во Штип подразмислив и решив тоа и да го сторам многу народ ме бара за помош и мислам дека ќе бидам многу покорисен за опшеството за мојот град за мојата татковина Македонија ако го преземам овој следен чекор во мојот живот!
Веке од 01.04.2021 им најавив на моите шефови и си дадов одказ од моето работно место во Никоб Обезбедување затоа што сакам комплетно да се посветам на хуманитарната организација која ви гарантирам ќе биде пример како се работи во интерес на сиромавиот Македонски Народ со дела а не со празни зборови.
Имам многу пријатели и овде а и по светот имам позади себе многу фирми бизнисмени мајстори со кој соработувам и заедно помагаме на многу луѓе секогаш успешно.
Морам да потенцирам дека силата ја црпам од моите сограѓани Штипјани. Македонскиот народ кој секогаш реагираат кога и да сум почнал некаде хуманитарно да работам.
Се надевам со сите вас мојата соработка ќе продолжи и во иднина. Со дела сум покажал дека ако се сака се можи се и како функционирам затоа луѓето и донираат и реагираат каде и да се појавам.
Никогаш народ не лажам ако можам да помогнам си кажам ако не секогаш сум искрен и тоа ме прави среќен. До сега не сум разочарал ни еден мој сограѓанин и на тоа сум горд.
Денес на мојот РОДЕНДЕН и овој убав ден за мене решив да ја споделам со јавноста оваа вест бидете ми живи и здрави наскоро во Штип дефинитивно ќе функционира најдобрата хуманитарна организација во државата!
“Хуманитарна Организација Александрија”. Александар Горгиевски Штип Р. Македонија.
Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на Кластер.мк