Четири прилепски семејства или вкупно 14 мина од кои 3 се малолетни деца, кои што живееја во т.н. социјални бараки во населбата Варош, од 5 август годинава се без покрив над главата поради пожар кој до темел ги однесе нивните домови.
Семејството Мицевски имаат 3 малолетни деца, од кои најмалото е старо само 10 месеци. Работи само Слободан, а сопругата е без работа, бидејќи нема кој да ги чува децата. Сега живеат под кирија. Бараат државата под итно да им помогне.
„Кирија плаќаме 6.000 денари, плус сметки, така што со една плата од 21-22.000 денари не се живее и тешко останува за да се подмират и другите давачки.
Апелираме до општината, градежните компании или кој било, да ни излезат во пресрет, да ни помогнат за да повторно ги изградиме нашите домови, за да повторно влезиме во нив“, вели Слободан Мицевски, сопственик на една од бараки.
Сите овие 4 семејства се во слична ситуација. Ангела Китаноска живее со нејзиниот татко кој е неподвижен инвалид и таа вели дека тешко е да се живее под кирија без никаква помош.
До сега ниту една државна институција им нема помогнато. Сега апел упатуваат и до новата локална власт во Прилеп.
„Јас конкретно живеам со татко ин валид и со една плата и многу е тешко, соседите ми се со малолетни деца, тешко е кај сите и ни треба некаква помош.
Од претходната власт беше ветувано дека повторно ќе се изградат бараките, дека ќе ни се плаќа и киријата каде што сега седиме, но од тоа ништо не добивме, само беше ветено.
Сега се надеваме на новата локална власт дека може да помогне“, рече Ангела Китаноска, сопственик на една од изгорените бараки.
Прилепскиот пожарникар Блаже Јовески кој директно беше вкучен во гаснењето на овој пожар и кој го риз икуваше својот живот за да извлечи еден од станарите надвор од домот, на својот ФБ профил излезе со предлог кој наиде на огромна поддршка од прилепчани.
А тоа е парите кои се предвидени за новогодишно украсување и прослави да се пренаменат за сите семејства во градот чии домови изг ореа изминатава година во пожар.
„И се надеваме дека оваа иницијатива која беше покрената од мене дека ќе биде прифатена. На овие семејства исклучително им треба помош, им треба топол дом за да повторно ги обединат своите семејства.
Мора да бидеме солидарни, да помагаме, тоа е духот на добрината, духот кој секој од нас треба да го носи во себе и да го споделува тоа“, изјави Блаже Јовески, пожарникар во ТППЕ Прилеп.
Сега на потег е државата и општината кои треба да помогнат да се обноват домовите на овие граѓани кои претрпеа загуба.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Сител.