Во недостиг на професионални готвачи, во угостителските објекти на охридско-струшката ривиера сè почесто работат лица со поминат неколкумесечен забрзан курс.
Тој се завршува во Работничкиот универзитет во Охрид. Многу често тоа се лица во поодминати години кои претходно останале без работа, па со готвење пополнуваат некоја финансиска дупка.
„Ние како здружение вршиме курсеви на готвачи и на повозрасни и на помлади. Имаме организирано курсеви во работничкиот универзитет Кузман Шапкарев, каде во договор со општина Охрид, ни дозволија најмалку два-три пати годишно да организираме курсеви за готвачи“, изјави Влатко Ѓорѓиески, Готвач, Здружение „Шефс Охрид“.
Многу од готвачите за време на пандемијата, не можејќи финансиски да издржат без работа, преминале во други дејности, но многумина и надвор од државата за поголеми плати.
„Целата оваа кр иза годините наназад целата ситуација ни налага многу од нас да заминат во странство за подобра егзистенција. Се надеваме дека ќе се подобрат многу работи…“, нагласи Димитар Арнаудоски кој е готвач.
„Секаде е тешко низ Македонија. Така и во Кавадарци. Има недостаток на готвачи. Скоро 80% од готвачите се веќе надвор од државата.
Треба платите да се зголемат, како што тие се незадоволни. Надвор од државата се плаќа повеќе. Каде најмногу одат? Во Хрватска“, рече Горан Филипов кој е готвар за Алсат тв.
Многу од рестораните и хотелите во Охрид во неможност да најдат професионални готвачи, истите ги задржуваат на работа и во текот на зимскиот период кога нема многу работа.
Но, се жалат дека честопати се случува, на почетокот на летната сезона во мај-јуни, некои потоа да им заминат во странство и тоа кога најмногу им се потребни.
Инаку, платите за професионални готвачи во Црна Гора и Хрватска се движат од 2.500 до 3.500 евра, а во Македонија земаат максимум 1.000 евра.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат тв.