Христијан Мицкоски емотивно проговори за својата лична борба со вирусот

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 1594 Views

Како што е познато, Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозицска партија беше позитивен на вирусот, поради што извесен период беше и хоспитализиран.

За целиот период додека се лекуваше, Мицкоски иако не беше на терен и физички присутен, сепак преку профилите на социјалните мрежи беше активен.

Па така и утрово, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, се огласи преку својот профил на фејсбук каде сподели една убава вест.

Мицкоски објави емотивен статус во кој кажа како течела борбата со вирусот и упати јавна благодарност до персоналот:

Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ков ид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи.

Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање.

Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите.

Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и кри минална влада, уште поже стоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе.

П.С. Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.