Добро познато е дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.
За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.
Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.
Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.
Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.
Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.
Да потсетиме, Анета и група Молика во изминатите месеци доста често одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.
Празник посветен на големиот светител Свети Димитиј кој истовремено го симболизира и крајот на летниот и почеток на зимскиот период во годината одбележуваат денеска православните христијански верници во Македонија.
Митровден секогаш се слави на 8 ноември, а во семејствата на верниците се прославува на традиционален начин.Се претпоставувало дека времето на овој ден ќе покаже каква ќе биде цела зима.
Овој ден многу фамилии имаат куќни слави или слават имендени, а едни од оние кои славата е и фамилијата Мицевски, поточно познатите музички сопружница Џими и Анета.
Токму Џими на својот профил на фејсбук сподели фотографии како слави со многу гости и богата трпеза и притоа напиша:
-За многу години нашата куќна слава Митровден.