Статус на Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси:
Мојот бербер Martin Pocevski Karadak од Крива Паланка е дестинација непроменета цели 30 години.
Нашата татковина претставува ризница на стари и уникатни занаети. Занаетчиството ја негува традицијата, а занаетчиите со макотрпна работа и целосна посветеност се чувари на нашата култура. Занаетот се пренесува од колено на колено и создава вековни вредности.
Владата на РСМ ги опфати занаетчиите во пакетот мерки за финансиска поддршка во време на пандемија, како еден од погодените сектори од корона кризата. Како важна алка во општеството преку субвенции и грантови ги поддржуваме занаетчиите да се развиваат, растат и да го афирмираат својот производ.