ФОТО: Јордан Митев и Наум Петрески заедно – се крчка ли нешто ново

  • By klaster2
  • мај 1, 2022
  • 0
  • 386 Views

Несомнено Јордан Митев заедно со Наум Петрески се едни од нашите најголеми фолк икони и амбасадори на земјата ширум светот.

Имаат завидна кариера која трае многу години, и од година во година се се позастапени и барани не само кај нас туку и во дијаспората.

Нивните познати стихови се неизбежен дел свадбените веселби, семејни прослави но и забави. Песни полни со емоции и љубов.

Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспоратат кај нашиниците.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Еден од најпознатите и најпопуларните фолк пејачи кај нас без сомнение е токму овој Охриѓанец кој од своите два брака има три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Најстарата од нив, Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, но во последно време повеќе се има посветено на мајчинството додека својата музичка кариера ја остави на страна.

Имено, таа на почетокот од 2018 година се сврши за својот колега Владимир Поповски од „Биоритам“ и веќе имаат едно дете.

Од друга страна пак кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна. Родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Во брак е со Славица Митровска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

Несомнено е дека Јордан Митев би бил број еден избор при развеселувањето на македонските свадби, крштевки, родендени и други свечености. Со него забавата секогаш е загарантирана.

Овој пат овие две икони на македонската музика се споија заедно имаа средба која ја овековечија на социјалните мрежи, а знаејќи ги нивните квалитети несоменено е дека се крчка нешто ново кое со нетрпение го очекуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.