Славица Арсова- Цаци и Александар Спасовски Сарма од Сител ТВ со годининте наназад прераснаа во едни од најпознатите тв лица во македонската јавност.
Своите први пет минути слава ги стекнааа како што е познато кога Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа веднаш прифати и во тоа веме медиумите могу пишуваа за ова запросување.
Познатиот ТВ пар од Сител како круна на нивната љубов ја добија ќеркичка. Решија да ја крстат Мила, која е вистинска убавица.
За оние кои што не знаат, Славица е ќерка на нашата позната Тв новинарка Розета Асровска, која долги години својот „занает го печеше“ во Македонската радио телевизија, а Розета и денес е синоним за успешно Тв лице.
Професионална, убава и шармантна се само неколку епитети кои може за се кажат за Цаци.Секогаш средена и одмерена со совршен стил кога и да се појави на малите екрани.
Славица Арсова е една од најпознатите ТВ лица која веќе долги години го води Дневникот на Сител, а од неодамна е и главен уредник на информативната редакција во Сител.
Иако Цаци ретко зборува за својот приватен живот, во едно интервју за „Слободен печат“ таа одговарајќи на прашање за што би ги потрошила последните пари таа вели:
– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.
Славица често ја гледаме во елегантни изданија, а тоа често е кошули и сако. Истот важи и за нејзиниот сопруг Александар кој пред камерите секогаш е среден.
Овојпат двајцата иако не се премногу активни на социјалните мрежи за разлика од многу наши познати тв лица, решија да објават една заедничка фотографија.
На истата двајцата позираат на Шар планина во спортска опрема со стапчиња за планинарење. Очигледно Цаци и Сарма ги преточија задоволството и спортот во едно, па така во исто време и уживаат во природните убавини и се физички активни и спортуваат.