(ФОТО) Фросина Ременски ја покажа родната куќа – растела во вистинско богатство

  • By klaster3
  • август 14, 2022
  • 0
  • 439 Views

Фросина Ташевска Ременски во јавноста е позната како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на функција.

Ременски е родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.

Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на поли циската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за во нреден професор на Факултетот за безбедност.

Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Освен тоа, често знае да сподели некој статус на Фејсбук преку кој го изразува нејзиното лично мислење во врска со различни теми. Така и овојпат, реши да посвети текст на сите деца кои доаѓаат од работнички или стечајски семејства.

– Израснав и се школував од таа шнајдерска, стечајска игл а која ги нижеше и надежда и љубовта и упорноста. Работевме ако деца, работиме и сега, без срам, туку си гордо крената глава и упорност.

Нема такво дете кое нема да ја сфати жр твата и цената на таа љубов и дарба на родителот. Додека другите се богатеа, многу семејства знаат кој беа тие кои печалеа на грбот на работникот. Знаеме и денес.

Средна класа (?) …, ќе ја видиме кога децата на стечајските газди и олиг архијата ќе седнат на некоја сингерица за да спечалат за еден месец, а не за џепарац …Ќе дојде и тоа. Ќе се видиме во иднината – ние и вие, стои во дел од објавата.

Овој слободен викенд поранешната министерка заедно со нејзиниот сопруг и синот го минува во нејзиното родно место – Крива Паланка, па на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од родната куќа.

Она што е највпечатливо за очи се многубројните разновидни цвеќиња и зеленило кои никого не може да остават рамнодушен. Очигледно е дека многу љубов и труд е вложено за уредување на дворскиот простор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.