(ФОТО) Тони Михајловски славенички и романтично до својата сакана: Љубави, нека се множат

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 306 Views

Неговото име, презиме и надимак е добро познат на јавноста. Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Актерот од 2011 година е во брак со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Александра и Тони се венчаа во црквата “Св. Димитрија”, а потоа свадбената прослава ја направија во ресторанот “Тга за југ” во Старата Чаршија. Актерот е 13 години постар од својата сопруга.

Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски.

Популарниот Шанац и покрај своите работни и професионални обврски сепак наоѓа време и за социјалните мрежи каде што е доста активен.

Па така беше и пред некој ден кога на својот фејсбук сподели еден за него важен момент и спомен и притоа напиша:

Среќна 11 љубави. Нека се множат во добро здравје, среќа и љубов. ТСМ и ја означи својата сопруга, а по објавата следа бројни честитки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.