(ФОТО) Татјана Стојановска се реши за корекција на усните – па се пофали како и изгледаат сега

  • By admin
  • март 29, 2022
  • 0
  • 495 Views

Безвремената Татјана Стојановска е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена пред камерите.

Речиси секој ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.

– Мажот не треба да биде само убав треба да биде и шармантен. За на телевизија луѓето треба да гледаат убави ликови, важен е изгледот, а за радио пак  гласот.

– Јас кретко бев во манекенските води, набруго потоа се префрлив на телевизија и на презентирањето, а за таму покрај тоа што треба да си убав треба да имаш и стас и глас.

– Порано имавме многу големи текстилни гиганти, кој одржуваа модни ревии ширум Македонија и каде што сите манекенки може да се покажат во најдобро светло, што не е случај денес.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.

– Мене детскиот сон не ми се оствари, бидејќи сакав да бидам професорка, планирав да предавам нешто поврзано со економијата, додава Татјана.

Татјана за разлика од некој нејзини колешки и познати јавни фаци не е многу активна на социјалните мрежи, но од време на време знае да сподели некоја објава.

Во последно време таа особоено внимава на својот изглед, но се реши и за неколку промени, па откако ја промени бојата на косата сега дојде време за уште една промена.

Имено Татјана вчера објави фотка на Инстаграм од своите усни по корекцијата која што ја имала со третманот трајна шминка.

Кога сме кај трајната шминка да кажеме дека помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите.

Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а до потполно избледување 3- 5 години.

Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и најбитно од се секогаш сте спремни и уредни во секоја прилика, многу природно и неприметно.

Трајната шминка е идеално решение за жени кои немаат време секој ден да се шминкаат и постојано да ја корегираат својата шминка. Со трајната шминка секогаш ќе изгледате совршено и помладо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.