(ФОТО) Татјана Стојановска се подмлади – познато што корегираше на себе

  • By klaster3
  • јули 5, 2022
  • 0
  • 525 Views

Татјана Стојановска е една од ретките жени во Македонија која важи за една од најубавите, а многупати медиумите и го даваат епитетот дека старее како добро вино.

Татјана Стојановска долги години важи за добро познато лице на македонската јавност и со право го носи епитетот за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.

Во последно време таа особено внимава на својот изглед, но се реши и за неколку промени, ја промени бојата на косата но и направи корекција на усните.

Татјана објави фотка на Инстаграм од своите усни по корекцијата која што ја имала со третманот трајна шминка.

Кога сме кај трајната шминка да кажеме дека помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите.

Освен тоа, во една прилика таа проговори и за убавината, дека не се пл аши од староста и годините, но и за тоа дека почнала да употребува бо токс и фи лери за да го освежи својот изглед.

– Јас не сум противник на естетската хиру ргија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа.

Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот.

Сега има такви процедури коишто можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, заклучува Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.

Таа на својот Инстаграм профил повторно објави токму една таква фотографија каде што во центар за подмладување и аплциираат бо токс на лицето, а во објавата на докторката стои:

„Денес со нашата драга Татјана Стојановска. Прегледот во потполност го потврди нејзиното доаѓање за корекција на околуочната регија, гл абела и чело со бо токс.

Кожата на лицето ги отсликува движењата на нашите мускули вцртувајќи ги брчките. Со бло кирање на работата на одредени мускули исчезнуваат брчките на кожата, а длабоките брчки се пополнуваат.

На тој начин се губи уморниот или нал утен израз на лицето потенциран со мимичките брчки“, а споделија и фотка од крајниот резултат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.