(ФОТО) Татјана Лазаревска го промини имиџот – со новата фризура тешко би ја препознале

  • By admin
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 359 Views

Веќе добро пеознате е дека Татјана Лазаревска со сопругот Новица и со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка. Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.

Во куќата уживаат со синовите кои исто така имале голема желба да ја купат токму неа. Петар и Стефан се веќе големи момчиња.

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената.

Во една прилика Татјана раскажа дека токму музиката е и главниот вино вник за нивната прва средба со Новица.

– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети таа.

Пејачката е активна на социјалните мрежи преку кои редовно ги известува следбениците, пријателите, како го поминува времето, или пак споделува атмосфери од некоја прослава, забава.

Пред неколку дена Татјана реши да сподели фотки на кои откри дека го променила имиџот,  односно има нова фризура. Таа имено ја сплета костата и сега носи плетенки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.