(ФОТО) Сузана Спасовска јавно ја објави пораката што ја доби од наша Министерка – и тоа рачно напишано

  • By admin
  • септември 20, 2022
  • 0
  • 339 Views

Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Спасовска македонската песна ја негува уште од 80-тите години и има снимено над 15 самостојни аудио и ДВД изданија.

„Сузе Национале“, „Бисерното грло на Македонија“, „Амбасадорот на македонската народна песна“ се само дел од синонимите за Сузана Спасовска.

Желбата за пеење ја поседува уште од најрана возраст. Успева да стекне голема популарност и да се закити со статус на вистинска музичка ѕвезда кој постојано го одржува и оправдува повеќе од три децении.

Пејачката неодамна одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена, па по тој повод со јавноста сподели нешто уникатно на наши, но и пошироки простори.

Популарната Сузе Национале на својот профил на фејсбук се огласи каде што објави што добила:

Утрово, дојдов на работа, и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време.

Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни.

Ви благодарам, почитувана г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раз дори најважно е да си човек.

Притоа Сусе објави автентична фотографија од писмото, а го покажа и букетот од цвеќиња:

„Почитувана г-ѓа Сузана Спасовска, Ви честитам на преубавата изведба и се Воодушевувам на вашиот бисерен глас. Вчерашниот концерт беше маестрален.

Со огромна почит и восхит, Славијанка Петровска“, стоеше во обраќањето од Министерката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.