(ФОТО) Спенџарска конечно откри дали има дечко и кога ќе го сподели со јавноста

  • By klaster3
  • август 13, 2022
  • 0
  • 296 Views

Впечатливата ТВ водителка Јелена Спенџарска изминатиов период буквално го живее животот од соништата. Цело лето е некаде на пат и изврте неколку европски земји.

Летото го користи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море. Откако започна сезоната на одморите Спенџарска буквално не е застаната.

Откако еден период беше во Италија, Грција и Шведска, замина во една меѓу најскапите земји за летување – Хрватска. Според Јелена одморот во Хрватска и е на место број еден најубав одмор.

„Одморот тука е дефинитивно најдобриот и најубавиот одмор кој некогаш сум го имала!!! (Кога ќе ми текне колку се двоумев дали да дојдам и колку немав апсолутно никакви очекувања, лелее).

Овде се видов себе во светло кое го сакам засекогаш и по којзнае кој пат ми се докажа тврдењето дека средината во која живееш е мноооооооогу важна за твоето мен тално здравје, напиша во едно Инстаграм стори.

Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.

Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.

Јелена моментално се врати во Македонија по последниот одмор во Грција, но од она што го сподели на Инстаграм, месецов има испланирано уште еден одмор во Грција пред да се врати на работа.

Затоа во слободното време кое го има им остави простор на нејзините следачи да и поставуваат анони мни пораки. Една гласеше: „Имаш дечко? Ако да зошто веќе не го кажеш во јавноста“, па во дел од одговорот Јелена откри:

„Многу луѓе гледам дека наоѓањето на партнер го сметаат за животно достигнување. Јас не! .. Да бидам искрена мислам дека долго време го давав најдоброто од себе на погрешни личности кои мнооооогу посакував да бидат вистински, а длабоко во себе знаев дека не се.

И одлучив дека ми треба време да бидам сама, да се запознаам подобро, да станам посвесна за тоа која сум и што точно сакам од мојот следен партнер..

Доста време работев и уште работам на себе, градам многу поинакви ставови за животот, создавам нови уште подобри и постабилни вредности и кога ќе бидам спремна ќе објавам една слика овде“, напиша водителката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.