Има луѓе кои едноставно или ги сакате или не, а тоа важи и за инфлуенсерката и водителка Јелена Спенџарска која изминатиов период буквално не се прибра дома. Цело лето е некаде на пат и изврте неколку европски земји.
Летото го користи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море. Откако започна сезоната на одморите Спенџарска буквално не е застаната.
Откако еден период беше во Италија, Грција и Шведска, замина во една меѓу најскапите земји за летување – Хрватска. Според Јелена одморот во Хрватска и е на место број еден најубав одмор.
Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.
Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Освен тоа, Спенџарска летово се пресели во својот нов дом, поточо стан кој го опремува со инвентар и други потребни работи.
Затоа во слободното време кое го има им остави простор на нејзините следачи да и поставуваат анони мни пораки. Една гласеше: „Имаш дечко? Ако да зошто веќе не го кажеш во јавноста“, па во дел од одговорот Јелена откри:
„Многу луѓе гледам дека наоѓањето на партнер го сметаат за животно достигнување. Јас не! .. Да бидам искрена мислам дека долго време го давав најдоброто од себе на погрешни личности кои мнооооогу посакував да бидат вистински, а длабоко во себе знаев дека не се.
И одлучив дека ми треба време да бидам сама, да се запознаам подобро, да станам посвесна за тоа која сум и што точно сакам од мојот следен партнер..
Доста време работев и уште работам на себе, градам многу поинакви ставови за животот, создавам нови уште подобри и постабилни вредности и кога ќе бидам спремна ќе објавам една слика овде“, напиша водителката.
Но, Спенџарска конечно го пронајде она што го бараше и сподели скромна слика со нејзиниот дечко – прегрнати, а Јелена сјае од среќа и љубов.