Кога станува збор за телевизиски лица, публиката секогаш има некого да издвои којшто му остава впечаток со својот став и појава.
Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.
Како што самиот напиша во една прилика, во ТВ Сител е веќе пет години и јавноста го гледа како презентер на временската прогноза.
– Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро“, раскажа во една прилика познатиот Тв презентер од Сител, Спасе Јовановски во Женски магазин.
-Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот“, додаде тој за својот дневен ритуал.
Секогаш облечен во костим со очила и озбилен при презентирањето, ретко би го препознале кога е облечен во полежерна комбинација и насмеан.
Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.
За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“
Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде што споделува фотографии од приватниот и професионалниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење.
Така и овојпат, после добивањето на бројни пораки за да го искаже неговото мислење, Спасе се огласи и им упати порака на неговите следачи:
„Ми стигаат пораки, зашо не коментирам ова, зашо не коментирам она..Ѕвездетина од мој калибар што секој ден се појавува на најгледаната ТВ во Републикава да коментира сиротињи што по секоја цена сакаат да привлечат внимание…
Тоа е работа за Џ, а ја за џабе не станувам ни од кревет! ПС: Одам да си легнам, утре потпишувам уште еден договор за одличен бренд! А бренд на бренд се лепи, бижутерија на бижутерија..“