(ФОТО) Со Кумот Тоше Проески – за првпат јавно објавена фотка направена само неколку дена пред да не напушти

  • By admin
  • октомври 16, 2022
  • 0
  • 343 Views

Никогаш заборав. Иако веќе со години физички не е помеѓу нас, Тодор Тоше Проески и понатаму живее во нашите срца, а неговите песни се вртат и непрекинато се слушаат.

Беше еден од најзпонатите македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Јестурдеј од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998), а се понатаму е историја.

Меѓу другото во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Во многу прилики Тоше гордо знаеше да потенцира дека доаѓа од Крушево, Македонија, родното место каде што поминуваше време секогаш кога ќе пронајде и да се дружи со своите блиски и сакани.

Еден од попознатите крушевчани е и Ѓорѓи Ицоски, некогашен македонски биатлонец и крос-кантри скијач.

Ицоски ја започнал својата кариера во клубот од својот роден град, „Мусица“, а зад себе има завидна меѓународна кариера и настап на Светски, европски и други натпреварувања.

Ицоски и покрај обезбедената норма за настап на Олимписките игри во Ванкувер сепак не учестуваше.

Денес Ицоски на својот фејсбук профил сподели заеднички спомен со Тоше Проески, одоносно фотографија направена само неколку ден апред да не напушти.

Ех Куме, Последна слика направена на 12.10.2007. Секогаш во нашите срца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.