Во годините наназад Јелена Спенџарска се промовираше во едноа од најпрепознатливите и највпечатливи тв водителки во македонската јавност.
Популарната Јеца периодов го користи максимално за да ужива на топлото сонце и на песочните плажи, нешто што очигледно и тоа како и годи.
Спенџарска откако започна сезоната на одморите буквално не е застаната. Откако Јелена беше во Италија, Грција, Шведска и Хрватска повторно се спакува и замина.
Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.
Ако некој е познат по давањето совети и мудри мисли за живеење исполнет и задоволен живот, тоа сигурно е незаменливата Јелена Спенџарска.
Згодната Беровчанка јавноста ја запозна преку утрински програми каде што е заштитен знак, а со гледачите секогаш знае како.
Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Таа на својот инстаграм профил каде што е мошне активна сподели пост со низа фотографии од тоа како си поминува на одморот.
Овојпат Спенџарска на одмор во соседна Грција отпатува со своите најсакани, фамилијата. Поточно мајка и и сестра и со децата.
Па во таа насока Јелена сподели неколку фотки со својата мајка како уживаат на плажа покрај море и притоа напиша:
Денес со мама на плажа, ќе си читаме книга, децата ги испративме со мајка им во друг град, слободен ден за нас.