Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруга, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и екс инспектор Јохан Тарчуловски важат за едни од најпознатите парови од јавната сцена.
Јохан е член на ВМРО-ДПМНЕ и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир.
По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски. Во 1999 година, на лично барање на претседателот Борис Трајковски, станал негово лично обезбедување.
Музичка кариера на Соња апочнала во 1994 година. Нејзиното прво ЦД е насловено “Весела Девојка”. Подоцна е објавена песната „Ден по ден“ и „Во бело“. Соња Тарчуловска имала концерти низ Европа, Соединетите Американски Држави и Австралија пеејќи за Македонците кои што живеат таму
Од 15 годишниот брак на Соња и Јохан Тарчуловски тие имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Соња и Јохан Тарчуловски се родители на три деца; Мелани, Младен и Јоана. Најстарата ќерка Мелани тргна по стапките на својата мајка, или како што велат- крушата под круша паѓа.
Мелани е пејачка и има настапувано на домашни фестивали, а сето тоа со голема поддршка од мајка си, која оди со неа на настап и ја бодри од публиката.
Мелани со своите 16 години беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, со песната „А ти“ минатата година.
Екипата на РК Алкалоид освои трофеј во пионерска категорија, на меѓународниот турнир кој се играше во Нант, Франција.
Надежите на новиот суперлигаш дојдоа до финалето и го совладаа шпанскиот тим Хихон, по голема драма, со 27-26. Во полуфиналето РК Алкалоид беше подобар од уште еден шпански тим, тоа е Понтеведра (23-20).
РК Алкалоид одигра седум натпревари во Нант и забележа седум победи. Покрај над двата шпански тима во нокаут-рундата, тимот од Македонија победи на пет од пет средби во групната фаза.
Пред ракометарите на Алкалоид паднаа и Хихон, Тулуз, Естудијантес, Онис и репрезентацијата на Бенин.
Токму дел од овој тим е и синот Младен, а успехот на него и неговиот им го прослави и мама Соња која на својот профил сподели: