(ФОТО) Се слави во фамилијата на Митев – пејачот Јордан ја покажа својата мајка

  • By admin
  • ноември 20, 2021
  • 0
  • 802 Views

Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како:

Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.

Фолк пејачот Јордан Митев, по пауза од околу една година, наскоро се враќа на естрадата, како што вели, со Господ напред, со нови сили.

Рестрикциите поради пандемијата со корона вирус не се единствената причина поради која популарниот фолк музичар не беше актуелен на сцената изминатиот период, туку, како што раскажува за ,,Фокус”, водел една од најтешките би тки во животот.

-Фала му на Бога сега сум подобар и се надевам дека така ќе остане. Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам.

Пред отприлика една година, ми беше дијагностициран еден од оп асните ка нцери и поради тоа морав итно да се оп ерирам.

После опер ацијата се правеа многу испитувања овде и надвор од Македонија и докторите утврдија дека станува збор за едно ретко автоимуно заболување.

Кога имаш две з ла, ќе го одбереш она помалото, иако и помалото не е мало и наивно, но фала му на Бога има решение.

Доколку постоперативно се потврдеше дијагнозата со која ме оперираа, тогаш ќе беше на јопасното. Поминав низ еден многу тежок и мра чен период кој траеше неколку месеци.

Тоа се тешки моменти, како за самиот човек, така и за неговото најблиско опкружување и не го посакувам тоа ниту на непријателот. До сега сум имал многу би тки, но би тката со себе е најтешка – раскажува музичарот.

Откако го надмина тешкиот период и го остави зад себе конечно подготви нешто ново на својот музички репертоари и притоа напиша:

Почитувани, со задоволство ви го претставувам новото видео за песната “Да се живи здрави младоженеците”.

Видеото се снимаше во Мариово или поточно во селото Зовиќ и во истото се вклучени играорците од ансамблот за фолклор ” Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбал. Исто така се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи.

И овој пат видеото го работев со мојот долгогодишен соработник ЗАТИ. Уште едно убаво видео кое ќе ја збогати новата македонската фолк продукција. Уживајте!

Денес Јордан Митев на својот профил на фејсбук објави фотографија од својата мајка која слави роденден и напиша:

Среќен 60ти роденден мајко! Да си здрава и жива до 100 години! Фала ти за се

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.