Како и што беше најавено, ново изградена улица во Општина Берово го доби името по словенечкиот пожарникар волонтер Жан Кофал кој за жал повеќе не е помеѓу нас.
Градоначалникот на Општина Берово Ѕвонко Пекевски вчера на својот профил на фејсбук објави дека во присуство на родителите на Жан е пуштена во употреба улицата која го носи името токму по Словенецот.
Низ многу емоции и т ага, денеска во Берово, ја пуштивме во употреба, новоизградената улица ,,Жан Кофол”, именувана по прерано за гинатиот пожарникар од Словенија, кој заг ина веднаш по враќањето во родното место, после доброволниот придонес во Берово и Малешевијата во гаснење на пожарите, кои избувнаа во август 2021 година.
На самата свеченост, на пуштање во употреба на улицата, присуствуваа родителите и роднини на Кофол и припадник на доброволното противпожарно друштво од Словенија, кој заедно со Кофол, учествуваше во гаснење на пожарите, советниците од Советот на општина Берово, пожарникари од ТППЕ Берово и граѓани.
Жан Кофол ќе остане вечно запаметен во Берово и Малешевијата, не само со именување на улицата, туку и по неговата храброст и пож ртвуваност и по неговиот доброволен придонес во гаснењето на пожарите кои избувнаа во август 2021 година.
Тој ќе живее во нашите срца. Нека биде спокоен и благословен во вечноста.
Ја имав честа, заедно со родителите на Кофол, да ја пуштам во употреба улицата, спуштајќи го платното, на кое напишавме ,,Улица на пријателство”, затоа што таа улица ќе остане вечна врска помеѓу Берово и Словенија.
Во чест на постхумно одликување, кон ликот и делото на Жан Кофол, на средбата со родителите, која претходеше, им доделив слика, со ликот на прерано заг инатиот пожарникар, испреплетена со мотиви од Берово, за да стои како вечен спомен за Берово.
Родителите на Кофол, упатија благодарност за преубавиот гест, кој го направивме, преку кој името на нивнит син, вечно ќе стои на улицата во Берово и секако до сите, кои на некој начин допринесоа улицата да биде преименувана.
Беа пријатно изненадени и не можеа да ги опишат чувствата за сето она што е направено, упатија голема благодарност за се, потенцирајќи дека тој по враќањето од Берово и од Малешевијата, понел само пријатни спомени, особено бил изненаден од гостопримливоста на луѓето во Берово.
Жан Кофол беше во нашата противпожарна куќа, нашето против пожарна друштво, уште од млади години, каде последните две години беше претседател на младинската комисија која врши дејности во соработка со учениците кои доаѓаат во посета на нашата противпожарна куќа- истакна Дани Болтар, член на противпожарното друштво од Словенија.
На пуштањето на улицата, упатив благодарност до Советниците при Советот на општина Берово, за поддршката која ја дадоа за преименување на улицата и до општинската администрација, која работеше, за да може благовремено, административно, улицата да биде преименувана.
Инаку, Жан Кофол го за губи животот во сообраќајна не среќа, во близина на Нова Горица, на 28 септември, еден ден по неговиот 20-ти роденден и само еден месец по враќањето од добровболната мисија во Малешевијата, каде што беше меѓу најмладите доброволци, кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на пожарите.
Тој бил претседател на здружение на младинската комисија која врши дејности во соработка со учениците, кои оделе во посета на противпожарните друштва. Нека биде спокоен и благословен во вечноста!