(ФОТО) Ременски: Викаа дека сос дрвена вила не се одило фоф Европа, ама тешко тај што ја нема

  • By klaster3
  • септември 11, 2022
  • 0
  • 313 Views

Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.

Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.

Ременски важи за добро познато има на македонската политичка сцена. Јавноста најмногу ја памети како поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.

По потекло е од Крива Паланка, а дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.

Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на поли циската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за во нреден професор на Факултетот за безбедност.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Или поточно во работничка, во гумени чизми, плетење елечиња, маички по кратки и слично. Што се вели, складно за на нива и за земјоделски работи.

Освен тоаа поранешната министерка често е и во кујна каде готви традиционални македонски јадења, често со продукти кои самата ги произведува.

Така беше и овојпат кога се огласи од Ратево и во оваа прилика таа на својот профил на фејсбук напиша:

На Периовец фоф гората вредните Ременци собираа јонџа за овците, да има млеко за буламач, сирење, матеница и масло. Викаа дека, сос дрвена вила не се одило фоф Европа, ама тешко тај што ја нема и не ја фатил да работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.