Пристигнувањето на нов член во семејството претставува момент кој зближува и кој сите со нетрпение го очекуваме и му се радуваме.
Најстарите членови односно бабите и дедовците се оние кој со посебна радост чекаат принова со зборовите ,, да дочекаат уште едно внуче па и да не жалат ако заминат”
Да дочекаш правнуче во денешно време е веќе доста реткост, па така можеме да кажеме дека токму тие луѓе се исполнуваат најмногу.
Тиктокерка Даниела Флорез објави видео од нејзината баба која се разо чара откако на неа и на другите гости на забавата го откри полот на бебето што го очекува.
– Баба ми беше многу возне мирена кога дозна дека очекуваме момче, бидејќи сакаше тоа да биде девојче – напиша Дени во описот на видеото.
– Таа од дното на срцето сакаше да биде девојче и така и велеше во секој миг, но што да правиме не и се исполни желбата.
– Но сигурна сум кога ќе го прими во своите раци се ќе се промени, бидејќи за неа ова е прво правнуче и ќе биде горда, вели идната мајка Даниела.
Иако остатокот од семејството беше многу среќно што ќе им дојде момче, идната прабаба беше прилично огорчена и не се трудеше тоа да го сокрие.
Додека сите други скокаа и се гушкаа, баба го одби тоа и брзо ја напушти групата. Видеото стана вирално на социјалните мрежи.
А на ,,Тик Ток” прегледано повеќе од четири милиони пати. Нема што, бабата едноставно не можеше да ги сокрие своите емоции кои најдобро може да се погледнат на самото видео.