(ФОТО) Пристигна радосна вест за сите гледачи на „Се или нешто“ – директно од Лила

  • By admin
  • септември 20, 2022
  • 0
  • 313 Views

Дефинитивно Лила Филиповска е една од нашите најпопуларни водителки, а во последно време и инфлуенсерки. Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила.

Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице. Лила веќе десет години го води квизот „Се или нешто“ за кој рече дека ѝ е голема љубов.

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Познатата ТВ водителка е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за нјуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Еден период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песни.

Сега, веќе 11 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа, Лила е активна и на социјалните мрежи на коишто рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Не може да почне летната сезона, а Лила да не изрекламира некоја позната или помалку позната, но скапа дестинација за одмор.

Со оглед на тоа што топлите летни денови веќе се зад нас, Лила се врати на работните обврски и притоа сподели радосна вест за сите гледачи на „Се или нешто“.

Имено Лила се врати во студијот и објави фотографии од стартот на снимањето на новата сезона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.