(ФОТО) Познат пејач ги крена Македонците во Швајцарија на нозе – се вртеше оро со високо кренато знаме

  • By klaster3
  • август 29, 2022
  • 0
  • 364 Views

Сезоната на концерти и настапи додека трае летниот период веќе е при крај, односно со последниов голем празник во август „Успение на Пресвета Богородица“ привршуваат и настапите на отворено.

Скоро сите наши македонски пејачи имаат некаков ангажман по повод овој празник, било да е низ земјава, било надвор од неа.

Народот си ја сака македонската музика и песна, па се чини дека едвај чека да се случи некој голем настан за да може барем два-три дена по ред да се забавува.

Кога станува збор за фолк-пејачот Јордан Митев, забавата со него секогаш е загарантирана, па затоа е и еден од најбараните и најпрочуени пејачи во Македонија и странство.

Со секое свое појавување и настап докажува дека е број еден избор за сите прослави и свечености кај македонскиот народ.

Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.

Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.

– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.

Митев за големиот христијански празник „Голема Богородица“ најави настап во Швајцарија, поточно во градот Штуден на 27ми август, па како и обично сподели моменти од самиот настап.

Она што може да се забележи е дека целата македонска публика која била присутна на концертот е на нозе и врти оро на познатите македонски песни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.