Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.
По потекло е од село Јаорец, кичевско и е еден од ретките естрадни уметници кој не е активен на социјалните мрежи, а кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.
Со неговите песни тој е познат не само на македонската сцена, туку и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.
Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.
Веќе одамна им е закажана претстојната австралиска турнеја заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучед Дамјан Стојаноски за што споделија и детални информации.
Миладиноски како пејач е познат по тоа што секогаш си се држи до нашите македонски песни и во една прилика изјави што не му се допаѓа во врска со другите колеги.
– Едно нешто не толку да ме изнервира, туку ми смета кај одредени, што пред се не си ги пеат своите, лично своите песни туку се трудат со странски да се докажат. Тоа е погрешно.
Многу повеќе е како препорака, да си ги пеат своите песни. Ми смета тоа кога ги забораваат своите песни, истакнa Влатко во интервју за Магазин.
Влатко е во брак со сопругата Кристина со која имаа тдве ќерки, Илина и Андреа. Во едно интервју пејачот нагласи дека за него е голем благослов што има две ќерки.
-Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа и што велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите“, изјави Влатко за ММС.мк.
Влатко скоро секој ден е активен на социјалните мрежи каде најчесто споделува моменти од настапи, но овојпат реши да сподели радосна вест со фановите, односно дека им е годишнина со сопругата.