Кога ќе се спомне името и презимето на Сашко Нојкиќ на многумина ќе и биде непознато, но кога ќе се каже Цаки Кисми е тогаш сите го препознаваат.
Без сомнение Цаки Кисми важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи забава по сечиј мерак.
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот кралот на кафеаните.
Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми со години е присутен на македонската музичка сцена и зад себе има богата кариера, а и многу хитови.
Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.
Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.Освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
На секоја нивен настап има неверојатно добра атмосфера, а публиката е полна со позитивни импресии.
Поради вирусот угостителските објекти беа затворени, а забрана за одржување на свадби и семејни веселби имаше повеќе од една година.
Цаки во интервју за ИН ТВ откри како го поминал периодот на изолација. Иако добро се одморил од многуте обврскк, сепак не престанал да работи и снимал нови песни.
-Првите месец два ми дојдоа одлично и никогаш не сум се чувствувал така убаво, бев со фамилијата нон стоп заедно, а тоа задоволство го немав 20 и нешто години, се одморив убаво.
Меѓутоа доста ми е од одморање ми се здосади и тоа, па еве како што кажав снимивме нова песна и се работи на уште песна. Кај и да е, ќе излезе и таа, во побрз ритам е нешто помодерно.
Сакам на секои барем два месеци да промовирам по една песна, така нешто планирам па ќе видиме како ќе испадне.-истакна Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.
По паузата поради актуелните мерки Цаки Кисми како и колегите се врати на своите ангажмани кои во периодот ги има во изобилство.
Тој цело време е активен на социјалните мрежи каде преку својот профил на фејсбук споделува новости.
Деновиве поголем дел од Македонија беше зафатена со врнежи од снег кои на одредени места направија и снежна покривка.
Па така Цаки Кисми реши да се израдува на снегот во стил на дете и се фрли во него, а тоа го овековечи со фотка која заврши на неговиот профил на фејсбук.