Прилепчанката Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка која многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, но и како ретка жена – свирач на изворни музички инструменти.
Јовческа умее да свири на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Зад себе им кариера подолга од една деценија, а песната со која се впушти во музичките води е „Атлантида” во 2010 година.
Нејзина лична карта, односно отскочна даска на естрадата и во кариерата е песната „Горда прилепчанка“ која за првпат во 2012 година ја однесе дури до Австралија.
Подоцна снимаше албум со народна музика, а во 2014та година почнала самоуко да свири на гајда. Идејата и била да се издвои од останатите музичари и да научи нешто што ретко кој нејзин колега го знае.
Јовческа е позната по тоа што освен нови песни и видео спотови прави во последно време е актуелна со обработки на стари, но познати музички нумери.
– Да не бев пејачка најверојатно би била некој бизнис менаџер на корпорации, фирми големи да посредувам. Јас не сум човек кој може да е затворен во канцеларија и да седи на едно место, сакам движење, вели Елена.
Јовческа важи за една од најангажираните пејачки по ослободувањето од ограничувања па сподели со што се соочува кога има повеќе свирки во еден ден.
Меѓу музичарите кои запливаа во други професии поради состојбата со ви русот беше и пејачката Елена Јовческа.Таа во еден период се вработила како економист во приватна фирма.
„Јас си пронајдов друга работам. Работав веќе скоро еден месец во прекрасна фирма каде ме прифатија одлично. Јас сум дипломиран економист, финансиски менаџмент.
Тешко ми е без музиката зошто секогаш јас лично сум кажувала дека Елена Јовчевска пее затоа што ја сака својата работа и затоа што ужива“., изјави Јовческа во една прилика.
Сега, Јовческа се пофали со нејзиниот нов работен ангажман. Имено, пејачката отвори сопствен козметички салон ЕНстудио коешто нуди разбувавање на дамите.
За тоа сведочат фотографиите на социјалните мрежи од нејзините пријатели и голем дел од јавните македонски личности кои беа на отварањето и и ја честитаа работата.