За македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.
Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Еден од ретките наши пејачи кои пеат исклучиво македонски песни и отсекогаш јавно го кажувал и докажувал тоа.
Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.
Се смета за човек без влакна на јазикот, признава дека често знае да ги крити кува полити чарите кога не се во право и на некои не им е баш омилен.
Како гостин во музичката емисија 7/8 Спасен го изрази своето негодување во врска со македонските пејачи кај кои на настапите преовладува српската музика.
– Јас сум се едуцирал со секаков жанр на музика – српска, бугарска, албанска, забавна и апсолутно ја почитувам секоја музика.
Едноставно ме нервира фактот што кај нас во Македонија е доминантна туѓата музика повеќе од нашата, особено турбофолкот.
– Не сакам нешто туѓо да е доминантно кај нас затоа што имаме многу убава музика признаена од цел свет.
Ж ал ми е што се наоѓаме во ситуација во којашто туѓото доминира повеќе од нашето, сепак јас сум истраен и си го негувам тоа што сум.
Ако не си ги сакате своите деца, родители, својата фамилија, не можете да ја сакате повеќе туѓата. Така и со музиката, изјави Спасен.
Покрај многубројните свадбени прослави и настапи на кои настапува пејачот, изминатиов период сподели новина во неговиот живот.
Имено, пејачот се преселил во нов дом за кој неговиот колега Благоја Грујовски напиша: „Со среќа новиот дом на Спасен на Водно!“.