Фросина Ташевска Ременски важи за добро познато има на македонската политичка сцена. Јавноста најмногу ја памети како поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.
Како што е познато Ременски е родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.
Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на поли циската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за во нреден професор на Факултетот за безбедност.
Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија.
Неодамна, поточно пред околу половина година таа имаше обид повторно да се врати активно на политичката сцена откако се кандидираше за прв човек на СДСМ, но тогаш победи актуелниот претседател Димитар Ковачевски.
Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.
Или поточно во работничка, во гумени чизми, плетење елечиња, маички по кратки и слично. Што се вели, складно за на нива и за земјоделски работи.
Деновиве Ременски повторно се огласи на својот профил на фејсбук каде што е мошне активна и притоа постираше неколку фотки од градината со собраните плодови и напиша:
Добро утро Македонијо каде и да си Рано, рано со најдарежливиот на светот- со земјата кој дава живот за сите. Треба работа и труд плодовите следуваат.