Наум Петрески сите добро го познаваме како еден од нашите најпозната пејачи за кого не е потребно да се трошат премногу зборови.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.
Родеум е од Охрид а детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.
Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.
Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.
На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.
Над 300 песни има на својот репертоар и се уште снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.
Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.
Овојпат Наум Петрески се проба во една друга улога заедно со нашиот познат актер Сашко Коцев.
Сашко Коцев без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.
За Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.
Наум и Сашко овојпат снимија реклама за познат македонски бренд за пиво, па така Наум се проба и како актер и тоа на почетокот веднаш со еден од најголемите професионалци во оваа професија.