Несомнено, Миленко Неделковски важи за еден од најпознатите македонски новинар и ТВ-водител. Професионалната кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје.
Неделковски нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика.
Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер, а повремено и пишувал во весниците „Македонски Спорт“ и „Фокус“.
Од 2006 година, започнал со емисијата Late Night Show, која се емитува на Канал 5 телевизија. Паралелно со гостувања на личности од политичкиот живот, Неделковски изработувал и „off-road“ емисии.
Миленко Неделковски е роден во Скопје, во семејството на познатиот фудбалски судија и прв македонски судија со лиценца на ФИФА, Борче Неделковски.
Неделковски важи за човеке без „влакна на јазико“ и често неговите излагања во јавноста знаат да првилечат големо внимание.Тој е доста активен на социјалните мрежи, пред се на фејсбук.
Кога сме кај Неделковски, да кажеме дека на приватен план, Миленко е татко на две деца, кои работат и живеат во САД. Тој ја има ќерка му Бона, како и син му Борис кој е женет.
Миленко Неделковски знае често да сподели по некој пост и фотографија од своите деца кои живеат далеку од него, во САД.
Отако пред дресетина ден Миленко на својот профил објави пост во кој покажа како уживаат син му Борис и снаа му Арина, се на ред дојде и ќерка му.
Напиша – Бомбона бизнис. и сподели фотка