Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерка, а некога со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.
Во една прилика Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.
„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа.
Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.
– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и телевизијата. Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.
И некако беше сега: Теткава не најави. И некако сметам дека „Бекстејџ“ имаше потреба од една млада сила“.
Многумина ја сакаат, но не е мал бројот и на оние кои и пишуваат зајадливи коментари. И тоа е нормално, особено кога се работи за јавна личност и особено за личност која нема влакна на јазикот и која излегува од секојдневните клишеа.
Па така, Миа знае многу често да вклучи лајв камера од дома и да направи сатирично видео за многу актуелни случувања.
Кога ќе се спомене Миа сите ја знаеме како плавуша, но овојат се реши за промена. Таа стана црна и со шминка се трансформираше до непрепознатливост.
Останува да видиме дали ова е перика и привремено или пак се решила за константна промена на имиџот.