Како што е познато Маја Иванова родена Тоневска е сопруга на четвртиот македонски претседател Ѓорге Иванов и поранешна Прва дама на Македонија.
Иванова е родена во Скопје во 1964 година Првата Дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник и е вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работи како советник.
Деновите кога била ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“, а подоцна и нејзините гимназиски денови, биле исполнети со креативност и творење, пред сè со пишување поезија.
Љубовта кон својот роден град и неговата уникатна енергија ја насочува во збирката поезија посветена на Скопје, за која ја добива престижната награда „13 Ноември”.
Својата работна кариера Маја Иванова ја почнува во компанијата „Интеримпекс“, а потоа го прифаќа предизвикот да работи како претставник на швајцарската фармацевтска компанија „Хофман ла Рош“.
Кариерата ја продолжува во претставништвото на авиокомпанијата „Олимпик Ервејс“, а од 2001 година е вработена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Нејзината континуирана ангажираност во Црвениот крст на Република Македонија несомнено придонесе кон подготвеноста на г-ѓа Маја Иванова при преземањето на обврските како сопруга на Претседателот на Република Македонија.
Слободните часови во семејството Иванови се исполнети со музика. Г-ѓата Маја Иванова, свесна за позитивните влијанија на музиката во животот на секој човек, честопати го исполнува семејниот простор со звуците на инструментите кои ги владее — пијано и хармоника.
Таа љубов кон музиката што ја дели со својот сопруг, ја пренесе и на синот Иван, кој денес покрај посветеноста на политичките студии, свири гитара и е активен млад музичар.
Освен тоа, од неодамна таа се оствари во улога на баба откако Иван се ожени и доби син со што донесе радост во фамилијата.
Г-ѓата Маја Иванова каде и да се наоѓа остава посебен впечаток на околината. Така и овојпат, за време на посетата на Ана Дукоска, охриѓанка која живее во САД и е координаторка на глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“ направија заедничка фотографија.
Имено, семејството Иванови ја прими Дукоска кај нив каде што разговарале за многу прашања поврзани со Македонија, а г-ѓата Маја како што и доликува повторно носеше едноставна но отмена комбинација со цветни дезени.